Почна средбата на украинската и американската делегација во Џеда

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почна средбата на украинската и американската делегација во Џеда

Влогот е голем, а клучната цел на разговорите е да се види колку Украина е подготвена да отстапи од актуелните црвении линии за да се дојде до прекин на огнот. Американскиот двоец Марк Рубио-Мајк Волц веќе пет часа во Џеда разговараат со украинскиот тим, составен од шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак и министерите за надворешни и одбрана, Сибиха – Умеров. Детали не се откриваат, иако во пресрет на состанокот Рубио индиректно навести дека Киев ќе треба да се откаже од дел од окупираните територии, зашто како што образложи, Украина во догледно време тешко ќе може да ги принуди Русите да се повлечат од позициите. Од разговорите ќе зависи и дали САД ќе ја возобнови неодамна прекината воена помош и споделувањето на разузнавачки информации со Украина.

-Мора да ја разбереме позицијата на Украина и само да имаме општа идеја за тоа какви отстапки би биле подготвени да направат, бидејќи нема да постигнете прекин на огнот и крај на оваа војна освен ако двете страни не направат отстапки. Нема да седиме во просторија и да цртаме линии на картата, туку само да сфатиме кои се отстапките во доменот на можното за нив и што би им требало за возврат, а потоа да дознаеме каква е руската позиција во тој поглед. , изјави Марко Рубио. , државен секретар на САД.

Украина на средбата, според најавите, на маса става делумен предлог за прекин на огнот, кој предвидува да престанат нападите со дронови и со ракети со долг дострел на територијата на Црното море. Сенка на разговорите непосредно пред нивниот почеток фрли досега најголемиот украински напад со дронови врз Москва и врз уште три околни региони. Најмалку тројца загинаа, а 20-ина се ранети во атакот со стотици беспилотни летала кој ги затекна граѓаните в постела.

-Имаше силна експлозија, беше околу 5 наутро или нешто подоцна. Сите станавме да видиме што се случува. Видовме многу дронови кои летаа кон центарот. , вели жителка на Москва

Кремљ соопшти дека во нападите биле соборени 340 украински дронови од руска страна, а во однос на разговорите во Џеда оцени дека тие треба да покажат дали Украина навистина сака мир.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата