По 12 години, американските војници ја напуштија Сирија- објавена е снимката од последниот конвој (ВИДЕО)

16.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 12 години, американските војници ја напуштија Сирија- објавена е снимката од последниот конвој (ВИДЕО)

Снимките објавени на платформата X покажуваат колона камиони и оклопни возила како ја напуштаат базата, а во позадина се извишуваат облаци чад, наводно од уништувањето и палењето на опремата што не можела да се евакуира.

Според локални извори, сириската армија, поточно 60-та дивизија, ја презела контролата врз базата.

Процесот на повлекување траел со месеци и вклучувал напуштање на неколку клучни бази во североисточна Сирија, вклучувајќи ги Ал-Шадади и Рмеилан.

Американските сили се присутни во Сирија од 2014 година како дел од меѓународната коалиција против Исламската држава и соработувале со Сириските демократски сили (SDF) во текот на годините.

По политичките промени и новите договори во Дамаск, се создадоа услови за повлекување, а дел од американските војници беа преместени во бази во Јордан и северен Ирак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата