Хегсет, одговарајќи на прашања од членовите на Комитетот за вооружени сили на американскиот Конгрес, рече дека „несреќната ситуација сè уште е под истрага“, пренесува CNN.
Во ракетен напад врз основното училиште „Шаџаре Тајебех“ во градот Минаб во јужен Иран на 28 февруари загинаа околу 170 луѓе, претежно деца и ученички, а иранските власти за нападот ги обвинија американско-израелските сили, додека прелиминарните извештаи укажуваат на можна грешка во таргетирањето.
US Secretary of War Pete Hegseth did not answer a reporter's question, "Why did you order the bombing of children at school in Iran?" pic.twitter.com/76ENTkMvBg
— 1880 News (@1880News) April 29, 2026
Американските медиуми претходно објавија дека тековните истраги сугерираат дека нападот можеби е резултат на грешка на американската војска, поради застарени разузнавачки податоци.

