Пезешкијан: Прекин на израелските напади е единствениот начин да се стави крај на конфликтот

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пезешкијан: Прекин на израелските напади е единствениот начин да се стави крај на конфликтот

Тој рече дека Иран е должен да обезбеди засекогаш да се застане на патот на „ционистичките терористички авантури“.

Нагласи дека Иран отсекогаш се стремел кон мир и спокојство, но дека сега единствениот начин да се стави крај на наметнатата војна е безусловно да се запре „агресијата на непријателот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп даде рок од две недели за разговори со Иран, со што се покренуваат напорите за обнова разговорите што беа во застој по минатонеделното израелско бомбардирање, објави претходно Cи-Ен-Ен. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата