- Имаме податоци за пет жртви, меѓу кои две жени и едногодишно бебе. Тие се пронајдени под урнатините, напиша на Телеграм Вјачеслав Чаус, областен управител на Чернигов и додаде дека шест лица се ранети и хоспитализирани.
- Експлозиите оштетија станбени домови во околината, додаде тој.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, загинаа десетици илјади луѓе, цели области од источна и јужна Украина се опустошени, а милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Киев одговори со акции на руска територија и кон крајот на минатата недела изврши напад со дронови врз руски воздухопловни бази, при што беа уништени бомбардери вредни милијарди долари, способни да носат нуклеарно оружје.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе бара одмазда за украинската акција, и исклучи прекин на огнот или директни преговори со својот колега Володимир Зеленски.
Доцна синоќа беше нападнат и окупираниот од Москва дел на Херсонска област. Во нападите била оштетена електрична трафостаница, поради што илјадници луѓе останаа без струја.