Автомобил удри во група луѓе во германскиот град Пасау- меѓу повредените и мајка со дете

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автомобил удри во група луѓе во германскиот град Пасау- меѓу повредените и мајка со дете

Возачот е уапсен, според извештаите на медиумите, додека полицијата сè уште не ја исклучила можноста дека намерно удрил во толпата, јавува Билд.

Меѓу повредените има жена и нејзиното дете. Точниот број на повредени и сериозноста на нивните повреди сè уште не се познати. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку три лица се тешко повредени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата