- Русија останува одговорен и важен играч на глобалните енергетски пазари. Пазарите во моментот поминуваат низ тешки времиња и секако, тешко е да се игнорираат руските количини - посочи Песков.
Тој, коментирајќи го продолжувањето на одлуката за ублажување на американските санкции за продажба на руска нафта, истакна дека е невозможно да не се земат предвид многу руските енергетски резерви на глобалните пазари.
Министерството за финансии на САД пред два дена соопшти дека е обновена лиценцата за продажба на руска нафта, атоварена на бродовите пред 17 април. Во лиценцата, објавена на веб-страницата на Министерството за финансии, се наведува дека оваа лиценца ќе важи до 16 мај 2026 година.

