Песков:Апсурдна е забраната на Полска и балтичките земји за прелет на авионите на Фучиќ, Фицо

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков:Апсурдна е забраната на Полска и балтичките земји за прелет на авионите на Фучиќ, Фицо

Кремљ ја нарече апсурдна забраната од страна на властите на Полска и балтичките држави за летовите на авионите на српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо до Москва за прослава на 80-годишнината од Победата на фашизмот.

„Како може да се коментира ова? Земјите продолжуваат со својата апсурдна политика, полна со русофобија, и ја проектираат оваа политика дури и врз своите колеги во Европа. Ова укажува дека, секако, пред сè, веројатно, во ЕУ јасно созреваат многу силни и сериозни противречности“, изјави Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател. 

Од него беше побарано да ја коментира одлуката на властите на Полска и балтичките држави да ги забранат летовите на Вучиќ и Фицо во нивниот воздушен простор, во намерата да учествуваат во прославите на 80-годишнината од Победата над фашизмот во Москва.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата