Пензија сè подалеку: Во овие држави од Европа е најголемиот работен век, а еве како е во Македонија

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пензија сè подалеку: Во овие држави од Европа е најголемиот работен век, а еве како е во Македонија

Според податоците на Евростат, просечното траење на работниот век во ЕУ во 2024 година изнесува 37,2 години, што е за 2,4 години повеќе во споредба со 2014 година, кога работниот стаж во просек траел 34,8 години.

Можеби ќе ве интересира: Во шест држави на ЕУ се работи најмногу- нашите соседи со најкус просечен работен век 

Најкраток работен век имаат жителите на Романија, a еве како е во Македонија

Податоците откриваат значителни регионални разлики. Во ЕУ, најкраток работен век имаат жителите на Романија (32,7 години), а најдолг Холанѓаните (43,8 години).

Ако во статистиката се вклучат и земјите кандидати за ЕУ и членките на ЕФТА, распонот е уште поголем – Турција е на дното со 30,2 години, додека Исланд го држи рекордот со дури 46,3 години работен стаж.

Нордиските земји доминираат: Исланд (46,3), Холандија (43,8), Шведска (43), Данска (42,5), Норвешка (41,2) и Финска (39,8) имаат најдолги работни векови.

Западна Европа исто така бележи високи просеци – Швајцарија (42,8), Ирска (40,4) и Германија (40). Од другата страна, Франција (37,3), Белгија (35) и Луксембург (35,6) се околу или под европскиот просек.

Во јужна Европа ситуацијата е разновидна: Португалија (39,3) и Малта (39) се над просекот, додека Италија (32,8), Грција (34,8) и Шпанија (36,5) значително заостануваат.

Можеби ќе ве интересира: Во оваа европска држава мора да се работи до длабока старост: Зголемена границата за пензија

Источна Европа главно е во средината – Унгарија (37,4) е на нивото на просекот, но Романија (32,7) и Бугарија (34,8) имаат пократки работни векови.

Балканските и југоисточните земји како Македонија (31,5) и Црна Гора (32,1) бележат најкраток работен век во Европа.

Зошто разликите се толку големи?

Експертите истакнуваат три клучни причини:

• Побарувачка за работници – поголемата побарувачка го продолжува работниот век

• Пензиски и работни закони – старосната граница и флексибилноста на пазарот на труд

• Однос кон постарите работници – помала дискриминација значи подолго останување во работната сила

Според „Евростат“, дури 81,5% од разликите меѓу државите може да се објаснат со стапката на вработеност – таму каде што помалку луѓе работат, работниот век е пократок, пренесува Blic Biznis/Euronews Business.

Иднина: границата за пензија сè повисока

Многу држави веќе ја зголемија старосната граница за пензионирање, а ОЕЦД предвидува дека до 2060 година просечната граница во ЕУ ќе биде близу 67 години, а во некои држави и над 70.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата