Пентагон: Трамп ќе соопшти кој ќе го произведува американскиот ловец „НГАД“ од 6 генерациja

21.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пентагон: Трамп ќе соопшти кој ќе го произведува американскиот ловец „НГАД“ од 6 генерациja

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе соопшти која компанија победила на конкурсот за производство на американскиот ловец од шестата генерација „НГАД“ (NGAD), кој ќе го замени американскиот двомоторен, суперсоничен стелт борбен авион Ф-22 Раптор (F-22 Raptor), пренесе Блумберг.

Според извори запознаени со ова прашање, понуди за производство на новиот борбен авион поднеле американските компании „Локхед“ (Lockheed Martin Corp) и „Боинг“ (Boeing Co).

Пентагон вчера информираше четири конгресни одбори за одбрана дека се очекува Трамп денеска да го објави победникот на конкурсот, а според изворите, тој тоа ќе го соопшти заедно со секретарот за одбрана Пит Хегсет. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата