Партијата на Мадуро освои 256 од 285 пратенички места во венецуелскиот Парламент

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Партијата на Мадуро освои 256 од 285 пратенички места во венецуелскиот Парламент

Управувачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела (ОСП), предводена од актуелниот претседател Николас Мадуро, освои апсолутно мнозинство во Националното собрание, со 256 од вкупно 285 пратенички места, соопшти шефот на изборниот штаб Хорхе Родригес.

„Чавизмот освои 256 од 285 пратенички места, а опозицијата доби вкупно 29“, изјави Родригес по изборите одржани во неделата.

Официјалните резултати сѐ уште ги очекува јавноста, но според последните бројки, ОСП победува со 82,68 проценти од гласовите.

И на изборите за локални власти, социјалистите на Мадуро извојуваа убедлива победа – освоија 23 од 24 гувернерски позиции. За разлика од изборите во 2021 година, кога опозицијата победи во четири држави, овој пат нејзините резултати значително се влошија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата