Палестинците гласаат првпат од почетокот на војната во Газа

25.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Палестинците гласаат првпат од почетокот на војната во Газа

Во време кога израелската влада се обидува да го спречи секој обид за палестинска држава. Според централната изборна комисија со седиште во Рамалах, речиси 1,5 милиони луѓе се регистрирани за гласање на Западен Брег, а околу 70.000 во областа Деир Ел-Балах, во централниот дел на Појасот Газа. Повеќето изборни листи се поврзани или блиски до Фатах, националистичката и секуларна партија на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ниту една од листите не тврди дека е поврзана со Хамас, исламистичкиот ривал на Фатах. Газа не одржа избори од гласањето во 2006-та година, на кое победи Хамас, кој насилно ја презеде контролата врз енклавата од палестинската самоуправа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата