„Херој“ пилот на Air India „спаси десетици животи“ со одлука во последен момент пред уривање на авион со 242 луѓе.
Пилотот на летот AI171 на „Ер Индија“ е прогласен за „херој“ откако се вели дека „спасил десетици животи“ со одлука донесена во последен момент.
Авионот, кој летал кон лондонскиот аеродром Гетвик, се урна само неколку моменти по полетувањето од Ахмедабад, западна Индија, при што загинаа сите освен еден од 242 патници и членови на екипажот на летот.
Можеби ќе ве интересира: Чудо во Индија: Двајца преживеале во авионската несреќа- едниот скокнал од авионот (ВИДЕО)
Капетанот Сумит Сабхарвал и неговиот копилот Клајв Кундар испратиле повик за помош (Mayday), откако авионот „Boeing 787 Dreamliner“ го загубил контактот со контролната кула помалку од една минута по полетувањето.
Најавено било дека авионот „губи сила“, дека Боингот „не може да се крене“ и дека „нема потисна моќ“.
Само еден патник, британскиот државјанин Вишваш Кумар Рамеш, ја преживеал трагедијата. Авионот се урнал во студентски дом каде биле сместени доктори и студенти по медицина.
Властите соопштија дека досега се пронајдени 270 тела по несреќата. Несреќата се случила откако искусниот пилот за малку избегнал станбена зграда.
Бидејќи зградата се наоѓала на летната траса, повеќе семејства од трикатната станбена зграда веруваат дека Сабхарвал им ги спасил животите.
Се вели дека пилотот го насочил авионот кон тревник, при што огнот и чадот го зафатиле домот на студентите. Станарите изјавиле дека биле „преплашени“ и побегнале надвор. Една од жителките најблиску до местото на несреќата, Гита Патни, за „The Sun“ изјавила:
„На улицата настана хаос, имаше оган и чад. Да беше само малку поблиску, и ние ќе загиневме. Пилотот нѐ спаси. Секогаш сме се плашеле дека може да се случи вакво нешто, бидејќи авионите пролетаат многу ниско.“
Чанцал Бај додала: „Ако авионот се урнеше врз оваа станбена област, ќе имаше стотици жртви повеќе.“
Станарката Џаханви Раџпут му оддаде признание на пилотот: „Благодарение на пилотот, капетан Сабхарвал, ние преживеавме. Тој е херој. Благодарение на него сме живи. Зелената површина до нас му била видлива и токму таму се насочил.“
Во тек е истрага, а еден истражувач на авионски несреќи верува дека снимките укажуваат на „откажување на двата мотора“. Само неколку дена пред летот, капетанот Сабхарвал му дал трогателно ветување на својот татко.
Индискиот политичар Дилип Нана Ланде, член на Законодавното собрание на Махараштра, изјавил дека пилотот го повикал својот 82-годишен татко кој живее во дом за стари лица.
Тој изјавил: „Пред неколку дена му вети дека ќе земе пауза за да помине време со него.“
Според „The Times of India“, капетанот Сабхарвал, кој имал повеќе од 8.200 часа летачко искуство, бил син на поранешен функционер во Генералната дирекција за цивилно воздухопловство на Индија.