Зеленски во Виена се сретна со Белен и Штокер

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски во Виена се сретна со Белен и Штокер

Мораме да го браниме владеењето на правото и демократијата. Украина не се бори само за себе, туку за цела Европа, изјави австрискиот претседател Ван дер Белен на заедничката прес-конференција во Виена со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Белен посочи дека Австрија од почетокот на војната без двоумење ја поддржува Украина.

- Австрија почитува воена неутралност, но не и политичка. Русија недвосмислено е агресорот, посочи Белен при тоа повикувајќи ја Русија да ја прекине војната.

Зеленски и се заблагодари на Австрија за нејзината поддршка за Украина.

- Потребен итен прекин на огнот, по што ќе следи фаза на чесна дипломатија. Целиот свет го сака тоа, само Русија не. Затоа е потребен силен притисок врз Москва и нови санкции, посочи Зеленски.

Белен и Зеленски потпишаа неколку документи за зајакнување на билатералните односи, меѓу кои и Меморандум за политичка соработка и обнова на Украина, како и заедничко коминике за враќање на украинските деца од Русија.

Зеленски потоа се сретна со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер.

- Австрија уште од првиот ден е на страната на Украина. Знаеме каде стоиме: на страната на правото, а не на страната на наводно посилниот. Можам да ве уверам дека тоа ќе остане така. Притисокот врз Русија мора да продолжи да се зголемува, истакна Штокер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата