Осум деца се убиени во пукотница во Лујзијана (ВИДЕО)

19.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осум деца се убиени во пукотница во Лујзијана (ВИДЕО)

Полициската управа на Шривпорт (SPD), третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, соопшти дека жртвите се на возраст од 18 месеци до 14 години - убиени за време на инцидент со „семејно насилство“ во населбата Сидар Гроув, објави „Мирор“.

Пукањето се случило околу 6 часот наутро по локално време во недела, според началникот на полицијата во Шривпорт, Вејн Смит.

Две возрасни жени се здобиле со прострелни рани во главата и преживеале, додека едно момче е повредено откако скокнало од покрив, објави локалната телевизиска станица KTBS, филијала на ABC за Луизијана.

Осомничениот, возрасен маж, бил убиен во размена на оган со полицијата по потера во Босиер Париш, соопшти државната полиција на Луизијана.

Голем број полициски сили се уште се на местото на настанот, а според првичните информации, случајот има елементи на семејно насилство.

Смит рече дека стрелецот ранил вкупно 10 лица.

Службените лица изјавија дека сè уште собираат детали за местото на злосторството, кое се протега на три локации.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата