Како што објави британски Телеграф, Пука не може да биде депортиран додека целосно не се разгледа неговото барање за азил, процес кој може да потрае со месеци, ако не и со години, со оглед на заостанатите жалби од Судот за имиграција.
Пука, кој двапати бил затворен во Британија и бил депортиран поради кражба, објави снимка на која се забавува на новата година во ноќен клуб како пуши луле со стомачна танчерка.
https://t.co/369CKqAJLi
— Naomi Canton (@naomi2009) January 2, 2025
An Albanian convicted burglar who cannot be deported has taunted the Home Office by posting Happy New Year messages from a London nightclub.
Dorian Puka, 28, who has been jailed and deported twice for burglaries, posted a picture of himself celebrating…
Првично беше затворен на девет месеци во 2016 година, а потоа беше депортиран следната година за обид да упадне во имот кога сопственикот го забележал на веб камера додека бил на одмор во Франција.
За една година Пука успеал да ги избегне граничните контроли и да се врати во Велика Британија каде извршил серија кражби во предградијата на Лондон.
Тој на крајот бил фатен како носи скап часовник што го украл кога го забележале полицајци во цивилна облека во југозападен Лондон, по што бил затворен на три и пол години пред да биде депортиран од Британија во март 2020 година.
Откако се вратил во родната Албанија неколку месеци, тој патувал низ Германија, Белгија и Холандија пред да помине низ граничните контроли за повторно да влезе во Британија во декември 2020 година, според неговиот Инстаграм профил, а тогаш аплицирал за азил.