Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

6.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

52-годишна жена починал во болница, соопшти обвинителството во Наумбург.

Нападот се случи на 20 декември, кога 50-годишен маж со автомобил влета во толпа луѓе, усмртувајќи пет лица, меѓу кои 9-годишно момче и четири жени.

Осомничениот, идентификуван како Талеб А., е државјанин на Саудиска Арабија со постојан престој во Германија од 2006 година. Тој претходно работел како лекар во психијатриска болница. Обвинителството истражува дали осомничениот страда од психички заболувања.

Се истражуваат и безбедносните мерки на пазарот, бидејќи пристапите не биле соодветно обезбедени, соопштија властите. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата