„Унгарија ги чувствува сите последици од украинскиот конфликт, вклучувајќи ги и значителните економски загуби, бидејќи економската соработка е блокирана од борбите. Ова важи и за Европа и за нас“, рече Орбан, пренесен од руските медиуми.
Пред да пристигне во Москва, Орбан нагласи дека целта на посетата е да се обезбеди стабилно снабдување со руска нафта и гас, наведувајќи дека Будимпешта за време на неговата посета на Вашингтон успеала да постигне укинување на американските санкции за енергетските производи што пристигнуваат преку гасоводот.
Орбан истакна дека руските резерви на нафта и гас ѝ обезбедиле на земјата најниски цени на енергија во Европа.
Тој претходно изјави дека Русија ја гарантира безбедноста на Унгарија со тоа што ѝ обезбедува енергија.
Според шефот на кабинет на Орбан, Гергељ Гуљас, отфрлањето на рускиот гас би ја чинело Унгарија приближно десет милијарди долари и би резултирало со загуба од повеќе од четири проценти од БДП на земјата.
На почетокот на состанокот во Кремљ, Орбан изрази надеж дека неодамна објавените меѓународни иницијативи за Украина ќе доведат до мировен процес.
Американската администрација претходно објави план за решение на украинскиот конфликт, истакнувајќи дека засега нема да ги дискутира неговите детали, бидејќи работата сè уште е во тек.
Кремљ соопшти дека Русија е отворена за преговори, истакнувајќи дека сè уште нема суштински консултации за американскиот предлог.
Путин претходно изјави дека американскиот план би можел да послужи како основа за решение, но истакна дека Вашингтон, како што тврди, не може да го обезбеди договорот на Киев, кој „сè уште сонува за стратешки пораз на Русија“.
Путин рече дека ако Киев ги отфрли американските предлози, и Украина и европските „военоподбуцнувачи“ мора да разберат дека настаните што се случија во Купјанск „неизбежно ќе се повторат во други клучни области на фронтот“.

