Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

По нападите вчера изутрина, во градот Петах Тиква загинаа четири лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 лица од 400 семејства беа принудени да се евакуираат.

Околу 300 луѓе во Тел Авив останаа без домови откако ракетите погодија два дела на градот, предизвикувајќи голема материјална штета, пренесе Тајмс оф Израел.

Стотици жители беа евакуирани и од Бнеј Брак, каде ракета погоди училиште во станбен кварт, при што беше предизвикана значителна штета, а загина едно лице.

Градските власти во Тел Авив соопштија дека погодените биле сместени во хотели, додека во Хаифа се евакуирани 60 лица поради штети на нивните домови.

Сличен број лица морале да ги напуштат домовите во Рамат Ган, Бат Јам, Тамра, Реховот и други места како резултат на иранските напади во саботата и неделата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата