Огромна дупка се заканува да проголта град со 55.000 жители: Се молиме да не падне дожд (ВИДЕО)

27.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Огромна дупка се заканува да проголта град со 55.000 жители: Се молиме да не падне дожд (ВИДЕО)

Таканаречената дупка се шири со месеци, а властите евакуираа 1.200 граѓани од најзагрозените области, пишува Oddity Central.

Буритикупу имаше слични проблеми во последните три децении, кои се предизвикани од бројни фактори, како што се почва подложна на ерозија, уништување на шумите и обилните врнежи.

Експертите претходно идентификувале 26 големи дупки кои „напредуваат“ кон градот, од кои некои се споиле за да создадат празнини длабоки 20 метри.

„Во последниве месеци, димензиите на дупката се проширија, приближувајќи се до домовите“, се вели во итното соопштение на властите.

Во близина на дупката живее и Назаре Фејтоса и признава дека е заплашен.

„Понекогаш се молам на Бога да не врне силен дожд, понекогаш барам прошка“, рече тој.

Неговиот сосед додава дека останува буден за време на дождливите ноќи, слушајќи како се урива земјата.

„Проверувам дали ова се случува во близина на нашата куќа, бидејќи тогаш ќе треба да се евакуираме“, објасни тој.

Во последната деценија, дупка проголтала три улици и повеќе од 50 куќи во Буритикуп, каде живеат околу 55.000 луѓе. Локалните власти прогласија вонредна состојба, но сѐ што можат да направат е да обезбедат засолниште за евакуираните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата