Објавена е снимка на Сириецот во бегство, откако избоде четири мали деца во парк во Франција

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавена е снимка на Сириецот во бегство, откако избоде четири мали деца во парк во Франција

Животите на три жртви се во опасност, според агенциите, станува збор за три деца, а според француската новинска агенција АФП, две деца и еден возрасен. Децата се на околу три години, соопшти полицијата.

Напаѓачот, како што потврдуваат од полицијата, е 32-годишен барател на азил од Сирија.

Еленор Винсент била сведок на сцената само неколку моменти по нападот. Таа за Би-Би-Си изјави дека ситуацијата била „малку хаотична“ бидејќи полицијата дошла на местото на настанот со митралези и опрема за немири. „Беше многу интензивно“, вели таа.

Винсент вели дека не го видела моментот на апсењето бидејќи областа веќе била опколена. „Полицијата беше на лице место многу брзо“, вели таа. Зборувајќи генерално за инцидентот, вели: „Тоа беше момент на шок, тоа беше момент на ужас. Луѓето се тука на одмор“.

Во досието на осомничениот нема ништо што укажува на историја на насилство или врски со исламистички групи, велат од полицијата. Во моментов, канцеларијата за тероризам на ДА не е повикана да го истражи нападот, што сугерира дека тие не мислат дека ова е чин инспириран од исламистичкиот тероризам.

Еден сведок, по име Нели, изјави за радиото Франс Инфо: „Луѓето трчаа, плачеа, паничеа… беше ужасно“.

Пратеничката Вирџини Даби-Мулер изјави за BFMTV: „Ужасната сум… да напаѓаш деца е одвратно. Незамисливо е што се случи овде утрово на место кое е толку мирно, место кое го сакаат и жителите и туристите. Ние сме потресени“.

Во паркот покрај езерото во Анеси, деца на околу три години биле на утринско излегување кога одеднаш се појавил маж со нож и почнал да ги боде. Некои од децата биле во колички, јавува Би-Би-Си. Напаѓачот потоа побегнал од местото на настанот, а потоа нападнал постар човек кој се движел во близина. Во тој момент интервенирала полицијата, при што напаѓачот бил застрелан во нозете и совладан.

Две деца и еден постар маж се во болница во критична состојба.

Францускиот претседател Емануел Макрон твитна за нападот со нож, нарекувајќи го чин на „кукавичлук“.

„Нацијата е во шок“, додава Макрон. „Нашите мисли се со повредените, како и со нивните семејства и со итните служби“, додаде тој.

Полицијата соопшти дека осомничениот е Абдалмасих Х., сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека напаѓачот е уапсен. ТВ БФМ јави дека нападот се случил во парк во близина на езерото Анеси околу 9:45 часот.

На социјалните мрежи кружи видео на кое наводно се гледа како родители го фаќаат напаѓачот по нападот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата