Тој е еден од најистакнатите демократи кој ја критикуваше одлуката на Бајден. Од друга страна, оваа одлука му дава одлично алиби на новоизбраноит претседател Доналд Трамп да го користи правниот систем на САД во своја политича полза, откако за неколку недели ќе стапи на должноста.
-После сè што претседателот и неговото семејство го поминале, целосно го разбирам инстинктот да го заштити Хантер, излави Њусом.
-Но јас го држев претседателот за збор. Така што, по дефиниција, сум разочаран и не можам да ја поддржам одлуката, додаде тој.
Одлуката, секако е во прилог на Трамп, кој исто така посегна по низа помилувања кога му заврши мандатот. По решението на Бајден доенсено во неделата, тој веднаш се повика на лицата „заложници“ од судењата за 6 јануари.
-Дали Бајден ќе ги помилува и нив, изјави Трамп.
Иако случајот со Хантер Бајден не може да се спореди како со овие така и со случајот со пресудата против Трамп за потплаќање на порно актерка да молчи за неговата врска со неа, одлуката на Бајден му дава право на Трамп да направи каша-попара од американскиот правен систем, пишува „Би-Би-Си“
Затоа, некои демократски конгресмени денеска побараа преиспитување на законот за помилување, односно да му се одземе моќта на претседателот да ослободува од судски прогон кога нему ќе му се посака./МИА