Џил Бајден го посети селото на Сицилија, од каде прабаба ѝ и прадедо ѝ заминале во САД

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џил Бајден го посети селото на Сицилија, од каде прабаба ѝ и прадедо ѝ заминале во САД

„Прекрасно е, неверојатно, ви благодарам за толку топлото добредојде. Како прва дама, можев да ја соберам целата италијанско-американска заедница“, рече Бајден во говорот одржан на плоштадот во селото Гесу, во општина Месина.

Првата дама на Америка го спомна локалниот гастрономски специјалитет „braciole alla messinese“ (свински котлети од Месина) кој, како што откри, „имала можност да го служи со њоки во Белата куќа“. „Вредностите како лојалноста, напорната работа и духот на великодушноста што ги донесоа моите прабаба и прадедо во Америка се уште се живи. Денес овде ја чувствувам топлината на домот“, рече таа.

Претходно, по пристигнувањето во американската воздухопловна база во блиската Сигонела, таа рече дека „најдоброто го зачувала за крај“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата