Невидена песочна бура во Ирак: Луѓе се задушуваат, небото не се гледа (ВИДЕО)

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невидена песочна бура во Ирак: Луѓе се задушуваат, небото не се гледа (ВИДЕО)

Официјален претставник од провинцијата Мутана рече дека се регистрирани најмалку 700 случаи, за кои велат дека биле предизвикани од задушување, пренесува Би-Би-Си.

На социјалните мрежи кружат неверојатни снимки на кои се гледаат области покриени со густа портокалова магла, додека локалните медиуми известуваат за прекин на струја и откажување на летови во неколку региони.

Песочните бури се честа појава во Ирак, но некои експерти веруваат дека стануваат сѐ почести поради климатските промени. Пешаците и полицијата носеа маски за да се заштитат од прашината, а медицински екипи беа на лице место за да им помогнат на луѓето кои тешко дишат.

Болниците во провинцијата Мутана во јужен Ирак реагираа на најмалку 700 случаи каде што луѓето пријавиле гушење.

Повеќе од 250 луѓе побарале медицинска помош во провинцијата Наџаф, а најмалку 322 пациенти, вклучително и деца, биле примени во болниците во провинцијата Диванија, додека уште најмалку 500 пријавиле проблеми со дишењето во провинциите Ди Кар и Басра.

Песочна бура ги прекри јужните провинции на Ирак со портокалов облак кој ја намали видливоста на помалку од еден километар, јавува Би-Би-Си.

Властите беа принудени да ги затворат аеродромите во провинциите Наџаф и Басра. Според податоците на ОН, Ирак е меѓу петте земји најранливи на климатските промени, со чести песочни бури, екстремни горештини и недостиг на вода.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата