Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху вети дека ќе ги врати сите заложници од Појасот Газа

- Ако не можеме денеска, ќе го направиме утре, а ако не утре – задутре. Нема да се откажеме. Решени сме да ги вратиме сите – живите и мртвите, изјави Нетанјаху на говор по повод одбележувањето на „Денот на Ерусалим“.

- Нашата мисија – победа во војната, вклучувајќи ја и задачата да ги вратиме заложниците – е со нас секој ден и секоја ноќ. И вечерва, и нема да се откажеме од неа, додаде тој.

Претходно во текот на денот, во видео обраќање на неговиот канал на „Телеграм“, Нетанјаху рече дека „се надева“ оти ќе може да даде изјава поврзана со заложниците „денеска или утре“, без да открие дополнителни детали. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата