Нетанјаху: Преговорите во Катар се во ќорсокак, ги повлековме преговарачите

2.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху: Преговорите во Катар се во ќорсокак, ги повлековме преговарачите

„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше враќање на сите жени и деца кои беа држени како заложници, во согласност со списокот испратен до Хамас и одобрен од нив“, се вели во соопштението.

Преговарачите биле од израелската разузнавачка агенција Мосад и во соопштението се вели дека шефот на агенцијата, Дејвид Барнеа, го отповикал тимот.

Договорот меѓу Израел и Хамас беше постигнат со помош на странско посредништво, по што имаше седумдневна пауза во борбите и ослободување на израелски заложници во замена за палестински затвореници.

Примирјето започна на 24 ноември и беше обновено двапати пред да заврши вчера наутро, објави Си-Ен-Ен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата