Нетанјаху по нападот во Бејрут и атентатот врз командантот на Хезболах: Неговите раце се извалкани со крвта на Израелците

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху по нападот во Бејрут и атентатот врз командантот на Хезболах: Неговите раце се извалкани со крвта на Израелците

Во своето обраќање до Израелците, Нетанјаху потврди дека израелската армија го елиминирала командантот на Хезболах, Али Табатабаи.

-Само пред неколку часа, ИДФ го елиминираше Али Табатабаи, началник на штабот на Хезболах. Табатабаи беше масовен убиец чии раце беа извалкани со крвта на бројни Израелци и Американци. Не е случајно што САД понудија награда од пет милиони долари за негово апсење, рече Нетанјаху.

Тој, исто така, нагласи дека Хезболах подготвува нов напад.

-Табатабаи беше висок командант во силите Радван, единици кои се подготвуваа да ја освојат Галилеја и да ги масакрираат нашите цивили. Тој неодамна ги предводеше обновените напори на Хезболах за вооружување, особено по тешките удари што ги претрпе организацијата за време на операцијата Пејџер, кога беа нападнати нејзините ракетни депоа, како и по елиминацијата на Насрала, изјави тој.

Конечно, израелскиот премиер испрати порака и до американскиот претседател Трамп.

-Им се заблагодарувам на ИДФ и на нашите безбедносни сили за спроведувањето на успешната, прецизна и професионална операција денес. Мојата политика е кристално јасна: сè додека сум на чело на државата, Израел нема да дозволи Хезболах да ја врати својата сила, ниту пак ќе дозволиме повторно да стане закана за нашата земја, заклучи Нетанјаху.

Тој додаде дека очекува либанската влада да ја исполни својата обврска и да го разоружа Хезболах, бидејќи само тогаш може да има подобра иднина за граѓаните на Либан, како и безбедни односи со Израел.

Конечно, тој го пофали претседателот Трамп за неговата одлука да го забрани и означи Муслиманското братство како терористичка организација. Според Нетанјаху, ова е организација што ја поткопува стабилноста на целиот Блиски Исток и пошироко, поради што Израел веќе забрани некои од нејзините активности и работи на тоа овој процес целосно да се заврши наскоро. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата