- Продолжуваме да го напаѓаме Хезболах со цела сила, прецизност и решителност. Нашата порака е јасна: секој кој напаѓа израелски цивили ќе биде нападнат. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах секаде каде е неопходно додека целосно не воспоставиме безбедност за жителите на северниот дел на Израел, објави Нетанјаху на платформата Икс.
Израелската армија и денеска напаѓа цели во Либан. Во вчерашните напади, според либанското Министерство за здравство, загинаа 203 луѓе, а повеќе од илјада беа повредени.

