Властите имаат за цел да го намалат прекумерното регистрирање на алпинисти, како и да ја подобрат безбедноста, објави Индипендент.
Линии во „зоната на смртта“
Непал, чија економија во голема мера зависи од планинарењето и туризмот, е критикуван затоа што им дозволува на премногу алпинисти, вклучително и неискусни, да се обидат да се искачат на Еверест, кој е висок 8.849 метри.
Ова често резултира со формирање долги редици алпинисти во „зоната на смртта“ во подножјето на врвот, каде што нема доволно природен кислород, а сето ова доведе до зголемен број на смртни случаи на алпинисти.
Најмалку 12 од нив ги загубија животите, а уште петмина исчезнаа на падините на Еверест во 2023 година, кога Непал издаде 478 дозволи за алпинисти.
Операторите бараат промени
Новиот закон, исто така, предлага планинските водичи да можат да бидат само непалски државјани.
Сепак, некои оператори кои организираат меѓународни експедиции апелираа до Непал да ги олабави критериумите за издавање дозволи и да го признае освојувањето на планински врв висок 7.000 метри што не се наоѓа во таа земја.
Тие исто така предложија водичите за планинарски експедиции да бидат од други земји освен од Непал.
Предлогот за нов закон е поднесен до националното собрание, кое треба да гласа за него.