НАТО засега се воздржува од коментар за настаните во Јужна Кореја

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО засега се воздржува од коментар за настаните во Јужна Кореја

- Јужна Кореја е наш многу важен пријател. Доколку е потребно, ќе коментирам подоцна, засега го знаеме тоа што гледаме на телевизија, додаде Руте.

Тој информира дека министрите денеска ќе разговараат за руската кампања на непријателства против сојузниците.

- Русија и Кина се обидуваат да ги дестабилизираат земјите на НАТО со саботажи, кибер-криминали, да ја користат енергијата како оружје. Треба да разговараме како да се браниме, да споделуваме разузнавачки информации, да ја заштитиме критичната инфраструктура, додаде Руте.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата