Наталија (14) починала на пат кон училиште- со часови лежела на снег, никој не ѝ помогнал

5.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наталија (14) починала на пат кон училиште- со часови лежела на снег, никој не ѝ помогнал

Девојчето било хипотермично, нејзината телесна температура била 22 степени. Нејзиниот живот не можел да се спаси, објави Билд.

Според првичните резултати од обдукцијата, тинејџерката од Андрихово се здобила со огромно крварење во мозокот.

Во вторникот околу 8 часот излегла од дома и тргнала на училиште. На пат кон автобуската станица ѝ се слошило.

„Му се јавила на нејзиниот татко и му кажала дека и се стемнило пред очи, дека не може да оди и не знае каде е“, изјавил за медиумите извор од истрагата.

После тоа, повеќе не можел да ја добие на телефон.

Таткото веднаш почнал очајно да ја бара, пријателите му помогнале, но бидејќи не успеал да ја најде во градот со околу 20.000 жители, околу 10 часот отишол во полициска станица.

Сепак, полицијата не презела итна акција.

Роднина на семејството изјавил дека полицијата прво го натерала таткото да чека, а потоа го испрашувале наместо веднаш да ѝ го лоцирааат мобилниот телефон на девојчето. Надвор било студено, околу минус 3 степени, а девојчето му кажало на својот татко дека не се чувствува добро.

Медиумите пишуваат дека полицијата не го сфатила сериозно таткото.

Полските медиуми пишуваат дека Наталија неколку часа била сама во близина на една од продавниците во Андрихово, на околу 500 метри од полициската станица. Никој од минувачите не бил заинтересиран за нејзината судбина.

Кога девојчето било пронајдено околу 13 часот и 30 минути, лежело во снегот и било во несвест, вели човекот кој ја донел во топлата продавница.

Околу 14 часот била хоспитализирана откако на лице место ѝ укажале прва помош, но за жал во средата починала на клиника во Краков.

Случајот предизвика голема тага во Полска и критики кон полицијата и луѓето кои безобразно минувале.

Никој од работниците во супермаркетот или клиентите не го забележале девојчето на снегот. Медиумите јавуваат дека таму поминале десетици минувачи.

Јавниот обвинител нареди обдукција. Во саботата било објавено дека 14-годишното дете починало од церебрален едем предизвикан од масовно крварење - мозочен удар. Брзата помош можела да ја спаси Наталија. Но, таа умрела сама на студ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата