Најсмртоносен изралески напад на Газа од почетокот на втората фаза на примирјето- - загинаа 32 лица

31.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најсмртоносен изралески напад на Газа од почетокот на втората фаза на примирјето- - загинаа 32 лица

Портпаролот Махмуд Басал изјави за ДПА дека четиринаесет лица се убиени во напад врз полициска станица во округот Шеик Радван во северниот дел на градот Газа. Уште седуммина се убиени во јужниот дел на Појасот Газа кога бил отворен оган врз шатор во кој биле сместени раселени лица, рече тој.

Најтешки напади откако стапи на сила договорот за прекин на огнот

Палестинците ги опишаа нападите како најтешки откако стапи во сила втората фаза од прекинот на огнот, договорен од американскиот претседател Трамп во октомври.

Израелската војска соопшти дека ги погодила командантите и инфраструктурата на терористичките организации Хамас и Исламски џихад во Газа. Целите вклучувале складиште за оружје, област за ракување со оружје и два ракетни лансери на Хамас, соопшти војската.

И Израел и Хамас се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот откако стапи во сила минатата година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата