Ѕвездата на „шумските волци“ беше најзаслужен за победата над Хјустон Рокетс (127-114), кога постигна 41 поен со седум скока и шест асистенции.
Бекот на овој меч постигна пет тројки, доволни за да го собори рекордот што претходно го држеше Девин Букер.
Брилијантниот стрелец на Феникс го постигна овој подвиг на 24 години и 134 дена, а поранешниот студент на Универзитетот Џорџија успеа да ги „подобри“ перформансите за повеќе од една година (23 години и 100 дена).
Ентони Едвардс сезонава бележи просек од 27,2 поени, 5,8 скока и 4,5 асистенции по натпревар, а третпат ќе се појави на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.
Популарниот „Ант-мен“ ја води Минесота до шестото место во Западната конференција во досегашниот тек од шампионатот, со скор 29-23. /МИА