Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар

Меѓу повредените има четири деца. Шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергиј Лисак, на апликацијата Телеграм информираше дека две жени починале, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе.

Украинските медиуми јавуваат дека се оштетени најмалку 15 згради. Меѓу нив има студентски домови, образовни институции и претпријатие за храна.

Увидот за штети ќе трае до претпладневните часови, претежно во станбени згради. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата