Најмалку девет цивили загинаа во најсмртоносните руски напади врз Киев

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку девет цивили загинаа во најсмртоносните руски напади врз Киев

Во комбиниран напад од проектили и дронови, според украинските власти, погодени биле 12 стамбени згради, под чии урнатини се трага по повеќе луѓе, чии телефони непрекинато звонат. Граѓаните на Киев засолниште побараа во градското метро. 

-Експлозиите дојдоа една по друга. Ги разнесоа прозорците, вратите и ѕидовите. Сопругот и синот буквално беа исфрлени на другата страна. , вели жителка на  Киев.

-Прво падна ормарот во ходникот, а потоа ѕидот од соседниот стан падна врз мене. , вели жителка на Киев.

-Tрамп генерално настапува проруски. Европа треба да го земе предвид тоа, а европските лидери треба да ни помогнат. , вели жител на Киев.

Последниот руски напад го затекна Зеленски во Јужна Африка, кој најави дека ќе ја скрати посетата на Преторија, од каде обвини дека Москва продолжува да убива луѓе и да избегнува одговорност за тоа.

-Сметам дека нема доволно силен притисок врз Русија, и покрај нејзината неподготвеност да напредува во разговорите. Самото тоа што по повеќе од три години агресивна војна со илјадници убиени, ние сме подготвени да седнеме на разговори со агресорот, само по себе е компромис. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија тврди дека цел на нападот била украинската одбранбена инфраструктура. Го обвини украинскиот претседател дека ги минира мировните преговорите со неприфаќањето да го признае рускиот суверенитет врз анектираниот полуостров Крим.

-Овој шизофреничен пристап на режимот во Киев уште еднаш ја покажа својата апсолутна неспособност за преговарање, неодговорност и желба да го продолжи овој колеж до последниот Украинец, без да внимава на ниедна жртва. , изјави Марија Загарова, портпарол на руското МНР.

И Трамп смета дека Зеленски им штети на преговорите со тврдиот став за статусот на Крим. Во серија пораки на социјалните мрежи и од Белата куќа го праша зошто Украина ако сакала да го поврати, не го бранела Крим пред 11 години кога им го предале на Русите без испукан куршум.

-Мислам дека имаме договор со Русија. Треба да постигнеме договор со Зеленски. Мислев дека можеби е полесно да се справам со Зеленски. Досега беше потешко, но во ред. Мислам дека имаме договор со двајцата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Вашингтон во неколку наврати во измината недела предупреди дека ќе се повлечат од мировните преговори, ако нема скорешен напредок за прекин на огнот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата