Најмалку 58 лица загинаа во невремето во индиската сојузна држава Бихар

11.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 58 лица загинаа во невремето во индиската сојузна држава Бихар

Според официјалните податоци, 23 лица загинале од удари на гром, додека други 35 лица загинале во несреќи поврзани со невремето, вклучително и паѓање дрвја и уривање ѕидови поради силните ветрови и обилните врнежи, јави Индија ТВ.

Најпогодена е областа Наланда, каде што се регистрирани 22 смртни случаи. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата