Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како гори петкатна зграда во Кут во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот.
Гувернерот на провинцијата Васит, Мохамед ал-Мајахи, изјави дека пожарот избувнал во хипермаркет и ресторан. Семејства вечерале и купувале, рече тој. Пожарникарите спасиле голем број луѓе и го изгаснале пожарот, додаде гувернерот.
Прогласена е тридневна жалост, а започната е и истрага. Резултатите од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа.
- Поднесовме тужби против сопственикот на зградата и трговскиот центар, рекол ал-Мајахи.