Исланд размислува за обнова на преговорите за членство во ЕУ

17.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исланд размислува за обнова на преговорите за членство во ЕУ

Изјавата дадена за Политико доаѓа во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на островската држава.

Според порталот, посетата на претседателката на Европската Комисија доаѓа во момент кога Исланд ги разгледува последиците од трговската војна меѓу неговите два најголеми трговски партнери, како и притисокот од САД да ја зајакне својата одбрана и заканите од Вашингтон да го анектира соседниот Гренланд.

- Би рекла дека постои јавна поддршка за повторно започнување на преговорите, изјави Гунардотир. Таа додаде дека повторното отворање на пристапните разговори е „од витално значење кога станува збор за геополитичката ситуација“, и истакна дека Исланд веќе напредувал „прилично далеку во преговарачкиот процес“ за време на претходните пристапни разговори од 2010 до 2013 година.

Проевропската коалициска влада на земјата вети референдум за повторен почеток на пристапните преговори со ЕУ до 2027 година, бидејќи тие беа прекинати во 2013 година под претходната десничарска влада.

Гунардотир, која е и лидерка на исландската проевропска Реформска партија, изјави дека „ѝ верува на нацијата и на народот на Исланд да одлучат да продолжат“ и „се надева дека луѓето ќе кажат да“. Таа додаде дека би сакала да го „забрза процесот“ доколку јавноста гласа за повторно отворање на пристапните преговори, но призна дека „чувствителни, емоционални“ теми како рибарството, земјоделството и енергетиката ќе бидат пречки во сите идни преговори.

Исланд веќе е дел од Шенген зоната за слободно патување и долгогодишен член на Европската економска област. ј

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата