Најмалку 40 Палестинци загинаа, а 125 се ранети во последните 24 часа во Појасот Газа

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 40 Палестинци загинаа, а 125 се ранети во последните 24 часа во Појасот Газа

Најмалку 40 Палестинци загинаа, а 125 ранети во Појасот Газа во израелски напади во последните 24 часа, според извори во медицинските служби, пренесуваат денеска палестински медиуми. 

Локалните здравствени власти во исто време потврдија дека бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади во октомври 2023 година се искачи на 52.535, додека 118.491 лица се ранети, објави палестинската новинска агенција. 

Според извештаите, повеќето од жртвите се жени и деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата