Вооружени напаѓачи синоќа упаднале во селото Касуван-Даџи во сојузната држава Нигер и отвориле оган врз жителите. Портпаролот на полицијата на државата Нигер, Васиу Абиодун, во изјава наведе дека напаѓачите го запалиле и локалниот пазар и неколку куќи.
Ваквите напади се чести во Нигерија, најмногубројната африканска земја, каде десетици одметнички банди што се борат за контрола често ги напаѓаат оддалечените заедници со ограничено безбедносно и владино присуство.
Нападот во селото Касуван-Даџи се случил во близина на заедницата Папири, каде во ноември минатата година од католичко училиште беа киднапирани повеќе од 300 ученици и нивните наставници.

