Најмалку 30 луѓе се убиени во напад на сецесионисти во Нигерија

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 30 луѓе се убиени во напад на сецесионисти во Нигерија

Амнести ги повика нигериските власти да го истражат нападот и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

Портпаролот на полицијата во Има, Хенри Окоје, потврди дека нападот се случил во раните утрински часови во четврток, додавајќи дека полицијата убила еден од напаѓачите, пренесува Ројтерс.

Во полициското соопштение се вели дека вооружени мажи, кои дејствувале во три групи, го блокирале автопатот и спорадично пукале пред да ги запалат блиските возила.

„Во тек е масовна операција за пребарување, а безбедносните оперативци ги пребаруваат блиските шуми и околните области каде што се верува дека се кријат осомничените“, соопшти полицијата во Има.

ИПОБ се залага за отцепување на југоисточна Нигерија, каде што повеќето луѓе припаѓаат на етничката група Игбо, а нигериските власти ја означија ИПОБ како терористичка организација. Граѓанската војна го зафати регионот Бијафра кон крајот на 1960-тите, а во конфликтот загинаа повеќе од еден милион луѓе.

Нападот во четвртокот се совпадна со посетата на регионот од страна на претседателот на земјата, Боле Тинубу, а претходно оваа недела,а лидерот на ИПОБ, Нанамди Кану, се појави пред федерален суд каде што се соочува со судење по обвиненија за тероризам.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата