Најмалку 28 загинати во два израелски воздушни напади на југот на Појасот Газа

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 28 загинати во два израелски воздушни напади на југот на Појасот Газа

Агенцијата наведува дека цел на нападот била куќа во населбата Ал Манара во Кан Јунис.

Израелските сили уништиле повеќе од 10 станбени згради во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа во последните неколку недели, пренесува Гардијан. 

ВАФА, исто така, објави дека израелските војници упаднале во болницата Камал Адван на северот на Газа, при што војниците пукале во зградата и ги уништиле прозорците. Се наведува дека војниците го блокираат пристапот до виталните медицински материјали со нивното опкружување на објектот.

Ал Џезира објави дека „непознат број деца“ биле убиени кога израелската војска ја бомбардирала болницата Камал Адван во Бејт Лахија, северна Газа.

Армијата ги продолжува операциите во Појасот Газа и започна нова офанзива на северот на територијата каде што тврди дека борците на Хамас се прегрупираат. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата