Иранската нобеловка Мохамади осудена на уште шест месеци затвор

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранската нобеловка Мохамади осудена на уште шест месеци затвор

Коалицијата „Слобода за Наргес“ во четвртокот објави дека Мохамади на 19 октомври е осуден на дополнителни шест месеци затвор под обвинение за „непочитување и отпор на наредбите“.

Групата побара безусловно ослободување на Мохамади, наведувајќи дека нејзината здравствена состојба драстично се влошила за време на нејзиниот долг престој во затвор и дека боледува од срцеви заболувања.

Според соопштението, обвинението е покренато откако Мохамади организирала протест на 6 август против егзекуцијата на уште еден политички затвореник во женскиот оддел во затворот Евин во Техеран.

Мохамади е 19-та жена што ја доби Нобеловата награда за мир и втората Иранка по активистката за човекови права Ширин Ебади која ја доби наградата во 2003 година.

Наргес Мохамади (52) продолжи со своите активности и покрај бројните апсења и годините што ги помина зад решетки, а во 2023 година ја доби Нобеловата награда за мир. Таа е во затворот Евин, каде се сместени политичките затвореници, а веќе отслужи казна од 30 месеци, на која во јануари и беа додадени уште 15 месеци. Иранската влада не ја потврди нејзината дополнителна казна. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата