Најголемите пожари во предградијата на Лос Анџелес и натаму се активни (ВИДЕО)

15.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најголемите пожари во предградијата на Лос Анџелес и натаму се активни (ВИДЕО)

Пожарот во Итон кој гори во Алтадена, Калифорнија, е локализиран на 45 отсто откако изгоре 7.700 хектари вегетација, покажуваат најновите податоци на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари, објави Си-Ен-Ен.

„Горниот тек“ на пожарот во Итон би можел да наиде на опасни ветрови што би ја подгреале опасноста од пожар, но тоа сè уште не е дефинитивно, соопшти Националната метеоролошка служба.

Пожарот во Палисадес сè уште гори на 9.600 хектари и е локализиран 19 отсто, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари, објави NBC.

Пожарот Херст е локализиран 97 отсто, додека пожарот Ото, кој избувна во понеделникот вечерта во округот Вентура, е локализиран 47 отсто.

Над 93.000 корисници се без струја во Калифорнија од 06:00 часот по локално време. Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес вчера издаде предупредување за ветер, прашина и пепел поради силните ветрови, објави Си-Би-Ес.

Советувањето за квалитетот на воздухот на Националната метеоролошка служба е исто така на сила до 19:00 часот.

На луѓето им е препорачано да останат во затворени простории со затворени прозорци и врати, да носат маска доколку излезат надвор и да носат заштита за очите.

Најмалку 25 луѓе загинаа во пожарите што опустошија неколку предградија на Лос Анџелес од 7 јануари, од кои девет во пожарот во Палисадес и 16 во пожарот во Итон. Околу 30 лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата