Учениците избегале помеѓу петокот и саботата и оттогаш се повторно обединети со своите родители, изјави во соопштението претседателот на CAN, Булус Јохана.
250 деца и наставници се уште се во притвор
Вкупно 253 деца, вклучувајќи 12 наставници, се уште се со киднаперите, додаде Јохана, католичкиот бискуп кој е и сопственик на училиштето во Нигерија.
Напаѓачите киднапираа ученици и наставници од училиштето „Света Марија“ на северозападот од земјата во петокот, што е најновиот во серијата напади во училиштата оваа недела што ја принудија владата да ги затвори училиштата.
Папата Лав XIV повика на „итно“ ослободување на учениците и наставниците кои беа киднапирани од вооружени лица во едно од најголемите масовни киднапирања во земјата.
„Упатувам итен апел за итно ослободување на заложниците“, рече Лав XIV на крајот од мисата на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

