Главниот инспектор на британските затвори, Чарли Тејлор предупреди дека полицијата и затворските служби го препуштиле воздушниот простор над затворите на криминалните банди.
- Технологијата на дроновите напредува многу брзо. Нивото на ризик што го носат овие дронови е различно од сè што сме виделе досега, посочи Тејлор, додавајќи оти постои и теоретски ризик дека осуденик може да избега од затвор со помош на беспилотно летало.
Тој ја повика затворската служба итно да преземе контрола над ситуацијата.
Би сакале Владата и безбедносните служби да ги здружат силите, да користат технологија и разузнавање за да спречат реализација на овој ризик, наведе Тејлор.