Медицинскиот тим во болницата „ДФ Стар“ во Бразилија, каде што Болсонаро продолжува да се опоравува на интензивна нега по операцијата, а состојбата му е влошена, соопшти дека поранешниот претседател има висок крвен притисок и дека резултатите од лабораториските тестови за црниот дроб се влошиле.
Лекарите рекоа дека Болсонаро денес ќе биде подложен на дополнителни скенирања, објави „Глоуб енд Меил“.
Болсонаро беше подложен на 12-часовна операција на цревата на 13 април, негова шеста операција по убодот во стомакот за време на предизборен митинг во септември 2018 година.
Болсонаро претрпе повеќе операции за време на неговиот претседателски мандат од 2019 до 2022 година.
Лекарите ја опишаа најновата операција како „најсложена“ досега.
Службеник на Врховниот суд во средата отишол во болничката соба на Болсонаро за официјално да го информира за почетокот на судењето за наводниот обид за државен удар.
Судски службеник изјави дека наредбата е издадена на 11 април, истиот ден кога Болсонаро првпат бил примен во болница со болки во стомакот.