Мотор на патнички авион вшмука механичар на писта, а потоа избувна пожар

9.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мотор на патнички авион вшмука механичар на писта, а потоа избувна пожар

Авионот „Боинг 737-500“, во сопственост на иранската домашна компанија „Вареш ерлајнс“, пристигнал на распоред од иранската престолнина Техеран рано наутро во 7 часот и 15 минути и безбедно слета во Чар Бахар. Откако сите патници и членови на екипажот се симнаа, механичарот Аболфазл Амири започнал со рутинско одржување.

Потоа дошло до фатална грешка - десниот мотор се запалил со отворени капаци.

Иако околу моторот секогаш има безбедносен простор за заштита на луѓето од несреќи, Аболофазл Амири поминал низ него бидејќи ги заборавил алатите. За жал, моторот во тој момент го вшмука.

Механичарот немал шанса да побегне од моторот што работи, а работите да бидат уште полоши, избувнал пожар и сѐ се запалило.

Иако противпожарната бригада на аеродромот брзо излегла на терен и го изгаснала пожарот, спасувачите успеале да ги извлечат само посмртните останки на несреќниот маж, пишува Билд.

Иранските воздухопловни власти наредија истрага за несреќата.

Слични несреќи се случија на аеродромите во САД и Холандија. Во мај, на аеродромот Шипхол во Амстердам, еден човек беше вшмукан во турбината Ембраер додека стоеше на гејтот подготвен за лет кон Билунд, Данска. Сепак, истрагата неколку дена подоцна открила дека вработениот на аеродромот извршил самоубиство.

Во 2023 година, мајката на три деца Кортни Едвардс беше фатена во мотор на регионалниот аеродром Монтгомери во САД затоа што премногу се доближила до авион и покрај тоа што бил вклучен. За жал, таа починала на лице место.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата