Дете почина од хелиум- го вдишал од балоните на неговата роденденска забава

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дете почина од хелиум- го вдишал од балоните на неговата роденденска забава

Како што објавува „Њујорк пост“, трагичната несреќа се случила кратко по прославата на неговиот шести роденден. Џејлен вдишал хелиум од балон на 29 мај, по што ја изгубил свеста и починал неколку дена подоцна во болница.

„Првите наоди укажуваат дека момчето се задушило со хелиум од балонот“, рече докторот.

Неговото семејство го опишува како „мал авантурист“ кој бил весел, љубопитен и полн со живот. Сега се обидуваат да ги предупредат другите родители за оваа навидум безопасна опасност.

„Никој не треба да поминува низ она низ што поминуваме ние. Ве молиме разговарајте со вашите деца“, рече таткото на Џејлен.

Не е безопасно

Џозеф Трота, лекар во итна помош во Њујорк, изјави за „Њујорк пост“: „Хелиумот често се користи во балоните, но тоа не е безопасна забава. Само неколку вдишувања можат да имаат опасни по живот последици за малите деца.“

Недостатокот на кислород што произлегува од вдишувањето на овој гас може да биде фатален за само неколку секунди.

Слични случаи се пријавени низ целиот свет и претходно - често во контекст на балони за роденден или обиди за промена на тонот на гласот.

Да потсетиме дека на почетокот на мај оваа година се случи истата трагедија кога едно момче (8) во Велика Британија беше пронајдено во несвест со балон со хелиум во форма на бројот осум над главата. Тој почина на својот роденден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата