Москва го стави екологистот Сливјак на црна листа како „странски агент“

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва го стави екологистот Сливјак на црна листа како „странски агент“

- Мојата класификација како „странски агент“ уште еднаш го покажува големиот страв од граѓанското општество што го чувствува рускиот режим, рече Сливјак. Министерството ја објави својата одлука во петокот, образложувајќи го потегот врз основа на критиките на Сливјак за инвазијата на Украина.

Сливјак стана познат по кампањата против транспортот на нуклеарен отпад. Организацијата „Екодифенс“ што ја основа беше една од првите што беа наведени како „странски агент“ во 2014 година.

Во 2021 година, тој ја доби Right Livelihood наградата, која многумина ја сметаат за алтернативна Нобелова награда. Сливјак замина од Русија во Германија веднаш по инвазијата на Украина на почетокот на 2022 година.

Руските власти го воспоставија регистарот на странски агенти во 2012 година, првично наведувајќи само организации, но од 2020 година и поединци. Сега има речиси 1.000 имиња на црната листа на Министерството за правда, што се смета за начин за замолчување на активистите.

Додека странските агенти првично се сметаа дека добиваат странско финансирање, сега е доволно само да се биде „под странско влијание“ за да се биде на црната листа, пренесе ДПА.

Лицата на листата се предмет на ограничувања, како што се забрана за вработување во јавниот сектор во Русија и генерирање приход преку кампањи за односи со јавноста. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата